ИСКУСТВО И КОМПЕТЕНТНОСТ
Веќе 13 години работиме со големи корпоративни клиенти, мали и средни организации од јавниот сектор и бизнисот. Без разлика дали продаваме компјутер за Вашата домашна канцеларија или опремуваме голема корпорација, даваме сè од себе и знаеме дека со компетентност и внимание можеме да Ви помогнеме.
ДОВЕРБА И СИГУРНОСТ
Довербата и коректноста се во основата на секое успешно партнерство. Можеме да се пофалиме со широк спектар на организации кои се потпираат на нас, градејќи ја својата ИТ инфраструктура, или едноставно избирајќи PC за канцеларија. Нашите клиенти се: организации од владиниот сектор, банки, телекоми, ИТ компании, медиуми, консултантски, дизајнерски, производствени и трговски компании.
УСЛУГИ И ГРИЖА
За да го добиете најдоброто од техниката во која сте инвестирале, треба да бидете сигурни и во услугата што ќе ја добиете после продажба. Ние ќе Ви ги понудиме услугите на најдобро развиениот Lenovo Think сервисен центар во Македонија. На располагање е тим од консултанти, сертифицирани сервисни инженери и специјалисти, подготвени да ги решат и најсложените случаи и да одговорат на сите Ваши прашања.
Како уште можеме да бидеме од корист за Вашиот бизнис?