Испорака
Производите можете да ги подигнете од просториите на нашата компанија или да Ви бидат испорачани преку курирска служба.
Подигањето на производите од нашите канцеларии се врши по претходна потврда на нарачката.
Испорака на нарачаните производи преку курирска служба:
Доставата се врши само на географската територија на Република Македонија, која ги исклучува испораките во македонски странските дипломатски мисии, амбасади, и др. кои според нормите на меѓународното право се сметаат за дел од територијата на Република Македонија. При испораката примачот потпишува испратница со која се потврдува исполнувањето на договорот.
Рокот за испорака на порачани производи од онлајн продавницата е во рок од 3 работни дена по потврдувањето на нарачката. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 13 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. За стоките кои се означени како "Очекувани", рокот на испорака ќе биде доставен дополнително на корисникот, според конкретната нарачка или барање.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Lenovo Exclusive Store не може да преземе никаква одговорност.
При неможност за врачување на пратката не по вина на Lenovo Exclusive Store и/или курир, договорот за продажба од далечина автоматски завршува. Во овој случај, како санкција за купувачот за непридржување кон договорот, Lenovo Exclusive Store ги задржува сите платени износи од страна на купувачот. Кажаното во претходната реченица се однесува и на случаите кога примач неосновано одбива да ја прифати пратката.
Испораките на нарачки над 6 000 денари се бесплатни за целата земја.
За дополнителни информации контактирајте со нас на тел. 02 3100 461 или email:
Гарантни услови за Lenovo производи
Целосните услови за гаранција се во прилог на документацијата која го придружува секој производ.
Ако имате тешкотии со употребата на Вашата Lenovo техника, јавете ни се, ние ќе ви помогнеме со задоволство.
Контакт со сервис
Враќање на производот
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката,
купувачот треба да нѐ информира веднаш, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Доколку купувачот сака да го замени производот,
должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.