Ексклузивна Lenovo продавница
Вашите лични податоци

Политика на приватност

Оваа политика на приватност се однесува само за www.lenovoonline.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Вашите лични податоци се делат единствено со трети компании кои работат на спроведување на Вашата нарачка. Таквите компании се, на пример, курските служби. Lenovo Exclusive Store ги споделува само минималните неопходни информации потребни за успешно извршување на договорот.

Lenovo Exclusive Store максимално се труди да гарантира заштита на информациите кои содржат лични податоци доставени од онлајн корисниците преку пополнети формулари, електронска преписка, форуми, блогови или преку електронската продавница на компанијата.

Лични податоци се собираат преку оваа интернет страница и обработуваат од Lenovo Exclusive Store (Ај Би Ес Македонија ДООЕЛ Скопје) и нејзините партнери исклучиво за потребите на обезбедување на бараните производи и услуги, под строго почитување на барањата на законодавството во Македонија.

За да се обработат и исполнат Вашите барања и сите сродни дејности, бараме одредени лични податоци, на пример име и e-mail адреса. Со давањето на вашите лични податоци, Вие експлицитно прифаќате и се согласувате Lenovo Exclusive Store (Ај Би Ес Македонија ДООЕЛ Скопје), да располагаат со нив во согласност со овие Правила и соодветното законодавство и регулативи во Македонија.

Ние не сносиме никаква одговорност за штети настанати од неточни или нецелосни податоци, добиени од Вас.

Кога ни доставувате лични податоци, Вие прифаќате и се согласувате предавањето на Вашите лични податоци на поврзани со нас фирми кои работат на спроведување на Ваша нарачка. Таквите компании се, на пример, курирските служби. Lenovo Exclusive Store ги споделува само минималните неопходни информации потребно за успешно извршување на договорот.

Ние ги отстапуваме Вашите податоци на надлежните органи или судот само по нивно барање, во случај на спроведување на законот и законските постапки на начин определен со законските прописи на Република Македонија и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Ние вложуваме големи напори, вклучувајќи преземање на разумни технички и безбедносни мерки за заштита и безбедно чување на вашите лични податоци и за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба и преправање или неовластено бришење, а посветуваме особено внимание на безбедниот пренос на личните податоци.

Пристап до Вашите податоци имаат само лица кои имаат потреба од нив за горенаведените цели.

Ние нема да ги користиме Вашите лични податоци за други цели без Вашата експлицитна претходна согласност.

Вие давате лични податоци еднаш, при регистрацијата во нашиот веб сајт и не треба да ги доставувате повторно кога правите нова нарачка.

Ако сакате да направите промена или бришење на Вашите податоци, можете да го направите од својот налог. За сè друго можете да контактирате со нас на office@ibs.mk

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Lenovo Exclusive Store не презема никаква одговорност за истото.

Ние ги употребуваме Вашите лични податоци за периодот од време потребен за исполнување на горенаведените цели.

Во текот на користењето на нашата веб-страница Вашиот прелистувач чува "cookies" на хард дискот на вашиот компјутер. Ние чуваме податоци испратени од вашиот прелистувач и компјутер, на нашиот веб сајт во текот на процесот на резервација. Ние ќе ги искористиме овие податоци само во збирен вид за статистички цели и за да можеме дополнително да ги развиеме нашите услуги. Овие информации се само за наша употреба - ние не ги откриваме ниту споделуваме овие информации со трети лица.

Доколку сакате, можете да ги избишете "cookies" од Вашиот прелистувач. Нашите "cookies" не содржат лични податоци и рокот автоматски им истекува по неколку недели.