ПО СЦЕНАРИО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
За да се осигураат дека ThinkPad продуктите ги задоволуваат и надминуваат очекувањата на потрошувачите, Lenovo експертите го проучуваат однесувањето на корисниците, потоа развиваат тестови кои го имитират и надминуваат однесувањето на типичниот бизнис корисник со компјутерот. Тоа вклучува фаќање со една рака, вклучување и исклучување од докинг станици и тестови со нишање. А ова е само почетокот.
ВРВНИОТ ТЕСТ ЗА ПРАШИНА
Акумулација на прашина е непријател број еден за секој компјутерски систем, предизвикувајќи штета на вентилаторот, што води кон прегревање. Но не секој вид на прашина има исти својства. За да ги репродуцираат различните видови прашина, Lenovo инженерите земале и анализирале проби на прашина од употребени вентилатори од шест различни држави. Од нив создале сопствен прав за тестирање на вентилаторите кој се состои од најштетните видови прашина во вистински канцеларии и домови низ светот.
ТЕСТ СО ИСПУШТАЊЕ НА ТЕЖИНА ВРЗ ЛАПТОПОТ
Во истражувачките центри на Lenovo, ThinkPad лаптопите не се единственото нешто што се испушта. Во овој тест, тие се мета за метални топки кои паѓаат од височина од над еден метар за да се докаже дека ThinkPad може да поднесе сè што околината ќе фрли кон него.
ТЕСТ СО ИСПУШТАЊЕ ВРЗ 8-ТЕ АГЛИ НА ШАСИЈАТА
Инциденти се случуваат и никогаш не ни текнува да го исклучиме компјутерот, пред да го испуштиме. Затоа ThinkPad се тестира, за да преживее по пад од обично биро на секој од осумте агли - додека сѐ уште работи.
ТЕСТ ЗА ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ
Колку пати на ден го отварате својот лаптоп? Lenovo го тестира отворањето и затворањето на ThinkPad лаптопите повеќе от 30 000 пати, што е еднакво на повеќе од 20 кревања на ден во текот на четири години. Всушност, челичните шарки на ThinkPad издржуваат до 50% повеќе циклуси на отворање и затворање отколку стандардите во индустријата.
ТЕСТ ЗА СТАТИЧКИ ЕЛЕКТРИЦИТЕТ
Секоја порта на ThinkPad се тестира за електростатски напон со строгост поголема од регулаторните барања, за да се гарантира дека нема опасност за машината или корисникот.