Ексклузивна Lenovo продавница

ДИЗАЈН


Корисниците се на прво место

Практичен, моќен, одговара на предизвиците - без исклучок. Тоа се карактеристичните елементи кои остануваат верни на наследството на ThinkPad како дел од естетскиот дизајн кој ја комбинира формата и функционалноста во совршена хармонија. Секој ThinkPad е направен за Вас – да Ве направи попродуктивни, интуитивно да одговори на Вашите потреби и да ги надмине Вашите очекувања.

Секоја функција има своја цел - од тактилната структура на капачето на TrackPoint® до вдлабнатите копчиња кои одговараат на Вашите прсти.
img

ИНСПИРАЦИЈА ОД БЕНТО КУТИЈАТА


Сè што е неопходно за совршено корисничко искуство. Инспириран од црната лакирана јапонска кутија за ручек, бенто, ThinkPad претставува синтеза помеѓу едноставност и стил. Со елегантна внатрешност, тој се отвара за да разкрие уредно совршенство со секој прецизно изработен компонент на своето место, давајќи Ви можност да постигнете повеќе.

ТЕХНОЛОГИИ

Генијалноста се раѓа при разбивање на традиционалните концепти

ВЕНТИЛАТОР СО ФОРМА НА КРИЛО НА БУВ


Најтивкиот и најефикасниот систем за ладење досега Ultrabook™ компјутерите стануваат сè помали, потенки и помоќни, што бара повеќе од процесорот, кој што пак генерира повеќе топлина.

За да се спречи прегревање на системот, современите системи за ладење треба да се доволно мали за да се сместат во компактната шасија на Ultrabook™ и доволно тивки за да ја елиминират надразнувачката бучава. ThinkPad инженерите забележале дека бувовите имат назабени пердуви на површината преку која воздухот поминува потивко отколку кај секоја друга птица. Тоа е инспирација за дизајнот на вентилаторот со уникатни назабени перки кои го прават најтивкиот и најефикасниот вентилатор до сега.

Сега во својата 8-ма генерација, тој е 23% полесен и 10% помал, со 38% зголемен проток на воздухот и 15% подобри термални квалитети.

ROLL CAGE

ЧЕЛИЧНИ ШАРКИ

ТАСТАТУРА ОТПОРНА
НА ТЕЧНОСТИ

img img img
Roll cage од магнезиумски или јаглеродни влакна, го заштитува Вашиот ТhinkPad при паѓање

Roll cage на ThinkPad се направени од неверојатно јака и лесна магнезиумска легура или од јаглеродни влакна, во ThinkPad X1 Carbon, кои што овозможуваат максимална сила при минимално тежина. Тие ги заштитуваат внатрешните компоненти на системот од судири и удари и го намалуваат виткањето на системската плоча, што може да ги ослаби залемените елементи. Roll cage овозможува цврста шасија и за шарките и куќиштето на ThinkPad.
Сила и флексибилност, таму каде што се најпотребни

Шарките на ThinkPad со квадратни спојки од нерѓосувачки челик навлегуваат во зајакнатото куќиште, за да бидат доволно сигурни при отворање на екранот. Тие се најчесто употребуваниот механизам на лаптопите и затоа инженерите на Lenovo ги тестираат, како отвораат и затвораат, секој од нив по 30 000 пати - тоа е 50% повеќе од стандардот во индустријата. Освен тоа, изработени се така што екранот на ThinkPad може да се отвори до 180 степени за повеќестран агол на гледање.
Секоја ThinkPad тастатура отпорна на течности може да се справи со истурена течност до 500 мл

Во случај на истурање, течноста се одлива низ специјалните канали под татстатурата кои ја држат подалеку од чувствителните електронски компоненти. Со ThinkPad случајното истурање на течност ќе биде непријатно, но нема да биде катастрофално.
img img img

Мека рамка

Класична купола

Mека купола

TRACKPOINT®

Уникатен за ThinkPad*

Преместувањето на раката од глувчето до тастатурата и обратно одзема секунда и половина. Раката го прави тоа движење од 10 сантиметри по 200 пати на ден со вкупно растојание од 40 метри, што речиси претставува должина на еден олимписки базен.

Легендарниот црвен TrackPoint® за ThinkPad е измислен за да можете удобно да посочувате, селектирате и движите, без да ги движите прстите премногу далеку од копчињата, заштедувајќи Ви драгоцено време. Ете тоа се вика размислување.

* Оваа функција не е достапна кај таблетите ThinkPad и ThinkPad 11e.

АКТИВЕН СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА (APS)

Заштита од удари за Вашите податоци

APS ги заштитува Вашите важни податоци кога сензорот во ThinkPad детектира нагло движење, кое може да го оштети тврдиот диск. Тоа привремено го запира вртењето на тврдиот диск и ја продолжува неговата работа само откако сензорите за удар ќе детектираат стабилна средина - за дел од секундата. На тој начин Вашите податоци се секогаш безбедни, дури и кога ќе се случи неочекуваното.

БАТЕРИЈА/RAPIDCHARGE

Оптимизирано управување со енергијата за повеќе мобилност

ThinkPad нуди до цели 10 часа издржливост на батеријата - три пати повеќе од стандардните лаптопи. Технологијата RapidCharge ја полни батеријата до 80% за 60 минути, дозволувајќи Ви да ја дополните батеријата помеѓу службените состаноци и да останете мобилни подолго време.

THINKENGINE

Моќта позади ефикасноста на ThinkPad

Уникатна за ThinkPad, технологијата ThinkEngine дава можност за исклучителна ефикасност, сигурност и заштита. Тоа значи дека ThinkPad е способен за нешта за кои останатите лаптопи не се. Во споредба со другите уреди, ThinkPad консумира 50% помалку енергија при работа на батерија и до 70%, додека е вклучен. Толку е интелигентен, што ја максимизира заштедата на енергија кога не работи и до 30 дена, во режим на готовност. ThinkEngine користи и 24 термални сензори за превенција од прегревање. Тој ја следи температурата на струјните кола со висок напон, процесорот, микроплочите и батеријата, така што ThinkPad секогаш работи најефикасно.

СИГУРНОСТ

Максимална сигурност - тоа е ThinkPad

ThinkPad компјутерите се репер за сигурност и безбедност и продолжуваат да бидат првиот избор во корпоративниот сектор. ThinkPad вклучуваат функции како биометриска заштита и вграден хардвер, кој што ги енкриптира податоците на тврдиот диск. Иновативниот ThinkEngine бдее над Вашиот ThinkPad, дури и кога тој не работи.

Свесни сме дека за многу корисници на ThinkPad податоците се многу поважни од самиот хардвер и последното нешто што им треба е податоците да паднат во погрешни раце.

ЧИТАЧ ЗА ОТПЕЧАТОЦИ ОД ПРСТИ

img Заштита, уникатна како Вас

Читачот за отпечатоци од прсти, кој што прв пат дебитираше во светот со ThinkPad T42 во 2004 година, нуди ненадмината сигурност бидејќи Ви дозволува пристап до ThinkPad само на Вас, со едно единствено поминување со Вашиот прст.

TPM ЧИП ЗА СИГУРНОСТ

img Повисоко ниво на заштита

Сигурносниот модул на платформата (TPM) е чип кој што ја крева сигурноста на ThinkPad на повисоко ниво. Без да се потпира на системот или специјален софтвер, тој спречува малициозни напади, менување на статусот на Вашиот компјутер и софтверот за пристап до чувствителни податоци и лозинки.

УПРАВЛИВОСТ

Размислување со еден чекор напред

Независно дали сте приватен корисник, мал бизнис или голема организација, Lenovo ја има во предвид важноста на работниот процес без прекини. Затоа ThinkPad поседува вградени технологии како Intel® vPro™, така што ИТ администраторите можат пристапат до ThinkPad од далечина и да ги извршуваат критичните активности за поддршка.

ThinkEngine, микрочипот за управување на системот, исто така му помага на Вашиот ThinkPad да работи подолго и побрзо, како и да биде подобро заштитен. Тие интелигентни технологии ги намалуваат вкупните трошоци и ја зголемуваат продуктивноста.

СЕКОГАШ ИМА ДОСТАПНО РЕШЕНИЕ

Intel® vPro™ – управувајте со Вашиот ThinkPad каде и да е, од една точка

Можноста за управување на Intel® vPro™ ја заштитува Вашата продуктивност намалувајќи ги прекините во работата на компјутерот и можат да ги намалат трошоците за поддршка на компјутерот до 50%*.

Дури и ако системот е исклучен или поврзан на безжична мрежа, ИТ администраторите можат да добијат пристап од далечина до Вашиот ThinkPad, да го дијагностицираат и поправат системот, како и да ги автоматизират базбедносните закрпи и надградби, гарантирајќи дека Вашиот систем секогаш ќе биде во исправна работна состојба.

* Извор: Анализа на Atos за потврда на исправноста на концептот за можностите на Intel® AMT.
img
img

ЛЕСНО BIOS
НАГОДУВАЊЕ СО WMI

img

ДИНАМИЧНА РАБОТА СО THINKPAD

Подобро BIOS управување

ИТ администраторите непрекинато бараат полесен начин за управување со BIOS нагодувањата, вклучувајќи лозинки, хардверски нагодувања и редослед на подигање.

Интерфејсот со BIOS алатките за управување на Windows (WMI) на ThinkPad претставува поедноставен, но сигурен начин за промена на тие нагодувања. Тој им овозможува на ИТ администраторите да прават пребарувања низ тековните нагодувања на BIOS, да ги променат ако е неопходно или да ги вратат на фабричките вредности, како преку компјутерот на клиентот, така и преку заштитен пристап од далечина.
Работете побрзо со ThinkPad

ThinkPad Enhanced Experience за Windows работи со оперативниот систем за да Ви заштеди драгоцено време при стартувањето и за време на работата.

Со технологијата за брзо подигање - RapidBoot, Enhanced Experience на ThinkPad ги оптимизира системските фајлови, процесите и хардверските нагодувања, така што ThinkPad можете да го стартувате 40% побрзо од стандардните Windows компјутери*. Со технологијата за заштита при подигање - BootShield, ThinkPad продолжува да овозможува брзо подигање, дури и кога во системот се инсталирани многу апликации.

* Врз основа на тестови спроведени од CNET Labs, Пекинг во Декември 2011 г.

ПОВРЗАНОСТ

Максимална сигурност - тоа е ThinkPad

ПОВРЗАНОСТ

Каде и да сте и што и да работите, со ThinkPad ќе уживате во одличната конекција. Со различните модели на ThinkPad можете да се поврзете преку mDP, HDMI, VGA, Thunderbolt 3, USB Type-C, USB 3.0, читач за картици, Ethernet и Wi-Fi.

*Intel, the Intel Logo, Intel Inside, Intel Core, and Core Inside are trademarks of Intel Corporation in the U.S. and/or other countries.